Струја ќе потече од соларна електрана во Пелагонија

Bez autora
Jul 18 2012

Во рамките на постојната термоелектрана на РЕК Битола, Електрани на Македонија ќе градат концентрирана соларна електрана, со што ќе се искористи сончевата енергија во битолскиот регион за производство на електрична енергија. Овој енергетски објект практично ќе биде поврзан со РЕК Битола и ќе располага со моќност речиси колку еден блок од термоцентралата. Со тоа ќе се добие нова комбинирана електрана која ќе работи и на јаглен и на сончева енергија. Како што велат од енергетската компанија истовремено ќе се зголеми производството на електрична енергија во услови кога количините на јаглен се лимитирани. Засега не се знае колкава ќе биде финансиската конструкција за овој енергетски проект и за колку време реално би можел да се изгради, но енергетските експерти посочуваат дека согласно светските стандарди изградбата на една 50 мегаватна соларна централа би чинела околу 230 милиони евра.

Струја ќе потече од соларна електрана во ПелагонијаВо рамките на постојната термоелектрана на РЕК Битола, Електрани на Македонија ќе градат концентрирана соларна електрана, со што ќе се искористи сончевата енергија во битолскиот регион за производство на електрична енергија.

Овој енергетски објект практично ќе биде поврзан со РЕК Битола и ќе располага со моќност речиси колку еден блок од термоцентралата. Со тоа ќе се добие нова комбинирана електрана која ќе работи и на јаглен и на сончева енергија.

Како што велат од енергетската компанија истовремено ќе се зголеми производството на електрична енергија во услови кога количините на јаглен се лимитирани. Засега не се знае колкава ќе биде финансиската конструкција за овој енергетски проект и за колку време реално би можел да се изгради, но енергетските експерти посочуваат дека согласно светските стандарди изградбата на една 50 мегаватна соларна централа би чинела околу 230 милиони евра.

Од ЕЛЕМ потврдуваат дека есенва треба да биде готова физибилити студијата за соларната централа на францускиот конзорциум составен од консултантски компании СОГРЕАХ и КАРБОНИУММ, кои што изминатиов период ги проверуваа потенцијалите и можностите за искористување на Сонцето за производство на електрична енергија во овој регион.

Како што потсетуваат од ЕЛЕМ, тие се ангажирани да ја испитаат економската исплатливост и техничката физибилност на проектот, како и да го предвидат развивањето на проектот со помош на Механизмот за чист развој. За таа цел, пред речиси 18 месеци беше одобрен грант во износ од 495.000 евра од страна на француската влада за изработка на оваа студија која се очекува да ги предвиди најдобрите варијанти за изградба на соларна електрана - автономна и хибридна варијанта, како и одредување на најдобра местоположба за електраната.

Со пилот-проектот покрај физибилити студија за соларна термодинамичка централа од 50 мегавати, треба да се подготви и тендерската документација за изведба на проектот по принципот клуч на ракаа. Исто така, ќе се определат можностите за финансирање преку јавно приватно партнерство, заеднички вложувања со ЕЛЕМ, и различните можности за експлоатација. Од стартот на поставување на темелите до клуч на рака и целосна изградба на објектот се потребни околу 20 месеци.

Првиот човек на ЕЛЕМ, генералниот директор Влатко Чингоски веќе укажа дека 25% од сегашната потрошувачка на јаглен на РЕК Битола би се заменил со соларна енергија.

- Истовремено покрај намалување на емисијата на јаглероден диоксид најголемата придобивка од новата соларна електрана е продолжување на животниот век на термоелектраната Битола - смета Чингоски.

Со овој проект, АД ЕЛЕМ очекува производство на 104 милиони киловат-часови годишно на чиста соларна енергија. Во ера кога светската наука е согласна дека соларната енергија претставува основа за чиста и здрава животна средина, Електраната ќе придонесе за заштита на околината, со анулирање на емисија од 94 милиони килограми јаглероден диоксид годишно.

Од енергетската компанија укажуваат дека обновливите извори на енергија се многу важен дел од развојно-инвестициската стратегија на Електрани на Македонија, бидејќи географската позиција на нашата земја е со висок процент на сончеви денови во годината при што се овозможува ефикасно искористување на сончевата енергија.

Невада Солар најголема соларна електрана во светот

Најголемата соларна електрана во светот Невада Солар е лоцирана во американската држава Невада, поточно по должината на Елдорадо во пустината Мојаве. Таа е пуштена во употреба пред 5 години и нејзината моќност е 64 мегавати и годишно производство на електрична енергија од 134 милиони киловат часови. Инвестицијата достигнала 266 милиони денари, а заради нејзината исплатливост во план е да се градат уште вакви централи, при што САД е светски лидер во искористување на сончевата енергија. Поради големиот број на сончеви денови и Африка се очекува да стане голем светски производител на електрична енергија од сонце. Во Мароко, Либија и Тунис се подготвува изградба на вакви соларни централи. Во Европа пак, најголемата соларна централа се гради во Шпанија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik